ПОЛИТИКИ ЗА РОМИ НА ЛОКАЛНО НИВО
Од самиот почеток на мандатот на Градоначалникот Курто Дудуш, во тек е изработка на Локални акциони планови согласно Националните акциони планови за унапредување на состојбата на Ромите 2015-2020, како и проекти кои ќе помогнат во развивање на Општината економски, социолошки и културно, а и многу е рано да се набројат работи што се направени.
Приритет на Општината е економски да се зајакне, урбанистички да се подобри, односно да се прошири местото на домување на Општината односно со планираниот проект „Шутка 2“ , каде населението ќе се децетрализира односно да се ослободат слободни парцели каде што идни инвеститори би граделе, економски инвестирале а со тоа би се придинело кон подобрување на социо-економскиот стандард на Ромското население.
Во самата општинска администрација со статус административни службеници се вработени вкупно 3 Роми, од кои двајца Ромки самостојни референти, и еден Ром – Соработник.
ОБРАЗОВНИ ИНСТИТУЦИИ НА ЛОКАЛНО НИВО
На ниво на општина Шуто Оризари функционираат две основни училишта, едно средно училиште и една детска градинка која во 2017 година беше опожарена. До крајот на 2018 година се очекува завршување на градежните активности во однос на новата градинка за чија реализација се обезбедени сретства од меѓународната заедница (Норвешка амбасада). Двете училишта, од кои во едното се посетуваат настава претежно албански ученици додека во другото настава посетуваат претежно деца од Ромска националност се едни од најголемите училишта на ниво на град Скопје со над 2.000 ученици. Средното образование, односно средното училиште, иако е на територија на општина Шуто Оризари, сеуште е под ингеренција на град Скопје.