mk_MK mk_MK

Квалитетно образование

Образованието има важна општествена и социјална функција. Преку процесот на образование се зајакнува индивидуалнoтo чувство за сопствена култура, идентитет и солидарност.

Општина Шуто Оризари работи за подобрување на образовната структура кај ромската заедница особено кај девојчињата и жената Ромка.

Општина Шуто Оризари се стреми да постигне повеќе исходи во сферата на образованието вклучувајќи:Подобрен пристап и успешно комплетирање на предучилишно образование на Ромите, особено на ромските девојчиња, Подобрен пристап и успешно комплетирање на основното образование на Ромите, особено на ромските девојчиња, Подобрен пристап и успешно комплетирање на средното образование на Ромите, особено на ромските девојчиња, Зголемен пристап и успешно комплетирање на високото образование на Ромите, особено на ромските девојчиња, Зголемен бројот на возрасни Роми кои го комплетирале основното и средното образование и Намален број на ученици Роми во основните и средните специјални училишта во Р. Северна Македонија.

Општина Шуто Оризари се стреми да постигне: Зголемен број на деца Роми кои успешно завршиле претшколско образование на возраст од 3 до 5 години, Зајакнети капацитети на персоналот во градинките, Подигната свест кај родителите за важност од предучилишното образование за нивните деца, Подобрена законска регулатива за пристап на Ромите ученици во основното образование,  Подигната свест кај родителите за важност од основното образование за нивните деца, Зголемена вклученост на деца од улица во воспитно образовниот процес, Развивање на нови форми на соработка помеѓу националните, локалните институции, невладиниот сектор и заедницата за поддршка на образованието, Изготвени програми за превенција и заштита од дискриминација и сегрегација во основните училишта,  Зголемен упис на Роми во средно училиште, Зајакната свест кај родителите Роми за важноста од средното образование на нивните деца,  Воведени нови форми на соработка помеѓу локалните институции, невладиниот сектор и ромската заедница,  Зголемен број на запишани Роми студенти на државните и приватните универзитети, Подобрен пристап и успешно комплетирање на образованието за возрасните Роми,  Доследна примена на законската регулатива за запишување на ученици во училиштата за специјално образование .

Исто така, Општина Шуто Оризари изготвува планови и програми на локално ниво за унапредување квалитетот на наставата и оценување во основните училишта, детектира подрачја на промени, приоритети и цели, ги подржува учениците, се грижи за нивното здравје, се грижи за професионалниот развој на наставниот кадар, дава напори за вклучување на семејствата во воспитно- образовниот процес.

Во однос на предучилишното образование Општината има посебна програма за планирање и концепирање на воспитно образовната работа.

Општина Шуто Оризари располага во вкупно :
-две основни училишта,
-едно средно училиште
-една детска градинка.

Основни училишта во Општина Шуто Оризари:

• О.У. ,,Браќа Рамиз и Хамид”
-Директор : Алвин Салимовски

• О.У. ,, 26 Јули ”
-Директор : Дритан Ганиу

Средни училишта во Општина Шуто Оризари:

• СУГС ,, Шаип Јусуф”
-Директор : Доан Сулејмановски

Детска градинка во Општина Шуто Оризари:

• Детска градинка ,,8ми Април”
-Директор :Сонѓул Шабан Ахмед

Советник за образование во Општина Шуто Оризари:
Рамиза Сакип
е-маил: sakipramiza@gmail.com

Поврзани содржини : 

Проект за меѓуетничка интеграција во основните училишта во Шуто Оризари:
https://sutoorizari.gov.mk/2019/05/06/проект-за-меѓуетничка-интеграција/

Се одржа работилница ,,Мојата хигиена – моја одговорност” во двете основни училишта во Шуто Оризари:
https://sutoorizari.gov.mk/2019/05/15/се-одржа-работилница-мојата-хигиена/

Проект за меѓуетничка интеграција: Прва работилница на тема : ,,Лична хигиена” со ученици од второ одделение:
https://sutoorizari.gov.mk/2019/05/16/проект-за-меѓуетничка-интеграција-пр/

Проект за меѓуетничка интеграција: Засадени садници во училишниот двор на О.У. Браќа Рамиз и Хамид:
https://sutoorizari.gov.mk/2019/05/27/проект-за-меѓуетничка-интеграција-за/

Проект за меѓуетничка интеграција: Дизајнирање и изработка на корпи од пластична амбалажа:
https://sutoorizari.gov.mk/2019/05/29/проект-за-меѓуетничка-интеграција-ди/

Проект за Меѓуетничка интеграција : Работилница за изработка на „Плакати за понатамошна грижа“:
https://sutoorizari.gov.mk/2019/06/01/проект-за-меѓуетничка-интеграција-ра/

Проект за меѓуетничка интеграција: Садење на садници во двете основни училишта во Општина Шуто Оризари:
https://sutoorizari.gov.mk/2019/06/07/проект-за-меѓуетничка-интеграција-са/

ЗАВРШИ ПРОЕКТОТ ЗА МЕЃУЕТНИЧКА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО ВО ОПШТИНА ШУТО ОРИЗАРИ:
https://sutoorizari.gov.mk/2019/06/26/заврши-проектот-за-меѓуетничка-интег/

Доделување на свидетелства во О.У. ,, Браќа Рамиз и Хамид:
https://sutoorizari.gov.mk/2019/06/29/доделување-на-свидетелства-во-о-у-браќ/

Доделување на свидетелства во О.У. ,,26 Јули” :
https://sutoorizari.gov.mk/2019/06/25/учениците-од-о-у-26-јули-денеска-добија-с-2/