mk_MK mk_MK

Здружение на граѓани за помош и поддршка на стари лица и лица од ранливи категории 4 СЕЗОНИ – Скопје

Шуто Оризари во соработка со ГРАД СКОПЈЕ  и Здружение на граѓани за помош и поддршка на стари лица  и лица од ранливи категории  4 СЕЗОНИ – Скопје успешно го спроведе проектот: Подигање на свеста од потребата на сервиси за стари лица и млади  со хендикеп во период април- септември 2022година.

 

Во 2018 година во РС Македонија се воведоа сервисните  услуги:

 

Негуватели за стари и изнемоштени лица како неопходна услуга за нега и поддшка во нивните домови кое ќе овозможи  вон институционално живеење;

 

Лична асистенција, како неопходна услуга за подобрување на степенот на независно живеење на лицата со хендикеп.

 

Во изминатите години преку лиценцирани обучувачи, направени се повеќе обуки  за негуватели и лични асистенти. Овој број е мал и незначителен  во поглед на бројот на граѓани кои имаат потреба од ваков вид на услуга.

 

Општина Шуто Оризари има за цел во соработка со Град Скопје и Здружение на граѓани за помош и поддршка на стари лица  и лица од ранливи категории  4 СЕЗОНИ – Скопје, информирање на јавноста за постоењето на овој вид услуга , бидејќи сеуште не сите граѓани се информирани и не сите точно знаат за постоењето и начинот на реализација – негување во домашни услови или лична асистенција на млади со хендикеп за време на настава или во текот на работно време. Општина Шуто Оризари  е прва општина која има реализирано целосно дообучени асистенти  кои на терен јасно ја разбираат и применуваат разликата помеѓу негувател и личен асистент.

                                                                       

Во моментот и покрај тоа што личната асистенција и негувателската грижа за стари лица континуирано се развива ( годишно  се врши обука на неколку групи на негуватели и лични асистенти по видување на АВРМ или по барање на поединци кои сакат да ја завршат обуката), сепак бројот на обучени лица во споредба со потребата на граѓаните од овие сервисни услуги, останува мал.

 

Од голема важност е  информирање на јавноста за постоењето на овој вид услуги , бидејќи сеуште не сите граѓани се информирани и не сите точно знаат за постоењето и начинот на реализација за негување на стари лица во домашни услови и лична асистенција на лица со хендикеп на кои им е портебна помош и поддршка за време на настава, во текот на работно време и други активности.

 

Подигање на свеста за потребата од вакви сервиси и нивно реализирање во пракса води кон современо општество кое ќе овозможи старите лица и  лицата  со хендикеп  да го постигнат моментот на физичка, психичка и емотционална независност од  семејството кај младите со хендикеп, а  кај старите лица  дополнително, да не завршат во некоја институција.

 

Информации за обуки на Негуватели – Црвен крст – Скопје

Линк: https://ckgs.org.mk/centar/nega-centar/

Информација за обуки на Личен асистент АВРМ и Црвен крст Скопје