Патролен социјален тим

Министерството за труд и социјална политика во соработка со општина Шуто Оризари, неодамна го промовираше воведениот “партолен социјален тим”. Овој тим е дел од проектот на МТСП “Патролна социјална работа”, кој има за цел, да ги открива и санира социјалните проблеми на граѓаните како што се бездомништво, деца на улица, питачење, семејно насилство, стари лица, корисници на дроги, инвалидни лица, нарушени семејни односи и слично.

Гинеколошка ординација во општина Шуто Оризари

Без гинеколог граѓаните од општина Шуто Оризари беа цели 5 години. За остварување на нивните потреби жените од оваа општина мораа да патуваат и да посетуваат гинеколошки ординации надвор од општината.

Повеќе...

Надградена водоснабдителната мрежа во општина Шуто Оризари

Во 2009 година беше пуштена во употреба новата хидрофорска постројка со којашто се подобри водоснабдувањето на дел од населбата Шуто Оризари. Новиот хидрофорски систем, со потисен цевковод, го реши долгогодишниот проблем на граѓаните од општина Шуто Оризари. Проектот вреден околу 5 милиони денари е финансиран од Град Скопје, ЈУ Водовод и канализација, општината Шуто Оризари и Министерството за транспорт и врски.

Заштита на животната средина и инфраструктурни зафати

Градоначалникот од општина Шуто Оризари г. Елвис Бајрам, немајќи можност за формирање на Јавно Комулано претпријатие, а имајќи ја во предвид лошата хигиенска состојба што ја затекна во општината, за надминување и постепено решавање на овој горлив проблем, склучи договор за техничко-деловна соработка со Јавното Комунално претпријатие од Град Скопје.

Повеќе...

Парк во рамки на детската градинка “8-ми Април”

Некогаш запуштениот простор покрај градинката “8-ми Април” во општина Шуто Оризари, денес е современ парк хортукултурно уреден и опремен со клупи и корпи за отпадоци кој граѓаните на општината може да го користат за повеќе намени. Во паркот исто така се засадени нови насади од дрва и друг вод на зеленило, кои наскоро ќе го разубавуваат просторот и ќе обезбедуваат чист и свеж воздух за граѓаните.