ПРОБЛЕМОТ СО СООБРАЌАЈОТ ВО ОПШТИНАТА ШУТО ОРИЗАРИ ЌЕ СЕ РЕШИ

Општината Шуто Оризари и Градот Скопје ќе инвестираат во паркинзи во населбата со што ќе се подобри сообраќајот. 

Веќе механизацијата пристигна и почна да работи на терен. Првиот паркинг простор

Повеќе...

СРЕДНОТО УЧИЛИШТЕ ВО ОПШТИНАТА ШУТО ОРИЗАРИ СТАНА РЕАЛНОСТ

Во општината Шуто Оризари масовно се гради. Капиталните инвестиции од областа на образованието стануваат реалност. Граѓаните  наскоро ќе ги видат благодетите од инвестициите на Владата на Република Македонија во општината Шуто Оризари. Средното училиште е при крај со изградбата, додека доградбата на О.У. Браќа Рамиз и Хамид и О.У. 26 Јули е во тек. 

Денес министерот за образование Спиро Ристовски ги посети градилиштата и се увери во напредокот на градбата, заедно со градоначалникот на општината Елвис Бајрам.

Министерот Ристовски задоволен од текот на градежните работи и очекува средното училиште да започне со работа од септември. Вели дека капацитетот на училиштето е за 900 ученика во една смена.

Зградата се простира на 4.500 квадратни мерти, има 18 кабинети, библиотека и училишна спортска сала . Во соработка со Градот Скопје и според анализите за потребите на граѓаните, ќе се дефинира каков вид на средно образование и насоки ќе нуди средното училиште.

Градоначалникот на општината Елвис Бајрам вели дека капиталните инвестиции од Владата на Р. Македонија стануваат реалност и се надева дека со оваа инвестиција ќе се зголеми квантитето и квалиетот на образованието на граѓаните од општината.

Покрај ова, за новинарите најави и други капитални инвестиции од областа на спортот, културата и развојот на младите.

 

2.jpg1.jpg3.jpg4.jpg

Реактивирање на постоечките спортски клубови

Општина Шуто Оризари ги реактивира постоечките спортски клубови кои претходно не функционираа во општината. Денес во рамки на општината функционираат кошаркарскиот клуб “К.К. Шутка”, фудбалскиот клуб ”Ф.К. Напредок”, како и пинг понгарски клуб кој е во развој.

За потребите на фудбалскиот клуб ”Ф.К. Напредок” целосно беше уреден теренот за спортски натпреварувања и денес истиот е арена во која младите фудбалери од оваа општина ги одмеруваат спортските сили со останатите клубови.

Исто така од неодамна во општината започната е изградбата на ветениот олимписки базен. Покрај ова општина Шуто Оризари и градоначалникот г. Елвис Бајрам целосно помогнаа во активирањето и на културно уметничкото друштво “КУД Пралипе", доделувајќи им простории за работа и истовремено опремувајќи ги истите. Општината секоја година во рамки на своите можности одвојуваше посебен буџет за поддршка на спортските клубови и културно уметничките друштва.

Изградба на средно училиште

Почитувани граѓани ја почнавме и градбата на средно училиште, за економко-правна и трговска насока, инвестиција на Владата на Република Македонија од 100 милиони денари. Објектот започна и се гради гради на површина од 9.390 метри квадратни. Истиот ќе има современа опрема и капацитет за околу 950 ученици.

Повеќе...

Индустриска зона во општина Шуто Оризари

На почетокот на новата индустриска зона во општина Шуто Оризари денеска беше поставен камен-темелник на погон за производство на опрема за рециклирање на отпад и за третман на отпадни води на компанијата „Техникс“ од Хрватска, инвестицијата тешка 2 милиони евра.

Повеќе...