Проектот за подобрување на општински услуги MSIP-IPA-NCB-096-17

Општина Шуто Оризари

Комуна Шуто Оризари

Република Македонија Republika Makedonija

                                                                                                                   

Општина Шуто Оризари согласно добиените грант средства од Европската комисија во рамките ИПА фондот за рурални инвестиции на Европската комисија за реконструкција и развој за Проектот за подобрување на општинските услуги МSIP, на ден 10.02.2017 година, објави Јавен повик за Проектот за подобрување на општински услуги  MSIP-IPA-NCB-096-17, за ,,Реконструкција на локален пат за поврзување на село Горно Оризари со Долно Оризари’’ и ,,Реконструкција на пристапни локални патишта-крак1, крак 2, крак 3, крак 4 и крак 5 во село Горно Оризари’’.Јавниот повик беше објавен на web страната на општина Шуто Оризари и во дневните весници,,Дневник’’ и  ,,Коha’’. На Јавниот повик со свои запечатени Понуди и другата потребна тендерска документација, се пријавија во  предвидениот рок, следните Понудувачи:

  • Фабрика ,,КАРПОШ’’ АД СКОПЈЕ со седиште на ул.,,Ацо Шопов’’ бр.76 Скопје
  • ДГТ ,,ЖИКОЛ’’ ДООЕЛ СТРУМИЦА со седиште на ул.,,Антон Панов’’ бр.14 Струмица
  • ДТГТ ,,ВАТО’’ ДОО СТУДЕНИЧАНИ СКОПЈЕ со седиште на ул.,,4’’ бр.19 с.Батинци, Скопје
  • ДГПИ ,,ПЕЛАГОНИЈА’’ АД ГОСТИВАР со седиште на ул.,,Браќа Гиноски’’ бб Гостивар

 

Јавното отварање на Понудите, на кое присуствуваа членовите на Комисијата за јавни набавки и  представниците од сите четири понудувачи, се одржа во предвидениот рок на 13.03.2017 година  во 12 часот, во салата за состаноци на Советот на општина Шуто Оризари.Комисијата за јавни набавки при јавното отварање состави записник и ги константира следните понудени цени на Понудувачите:

 

1.ФАБРИКА ,,КАРПОШ’’  АД СКОПЈЕ ....................................................4.854.869,00 МКД

2.ДГТ ,,ЖИКОЛ’’ ДООЕЛ СТРУМИЦА ..............................................6.655.660,00 МКД

3.ДТГТ,,ВАТО’’ ДОО  СТУДЕНИЧАНИ СКОПЈЕ..................................4.983.084,00 МКД

4.ДГПИ ,,ПЕЛАГОНИЈА’’ АД ГОСТИВАР...........................................4.781.784,00 МКД   

 

Сите четири понудувачи ги исполнија условите предвидени со Јавниот повик.Како најповолен Понудувач кој ги исполнива условите  и е со најниска цена од 4.781.784,00 МКД што беше главен критериум, за изведувач на работите е избрана фирмата ДГПИ ,,ПЕЛАГОНИЈА’’ АД ГОСТИВАР, и истиот е  одобрен од Светска банка.

После докомплетирање на потребната документација и потпишување на Договор за изведба, работите треба да започнат во втората половина на месец мај 2017 година  и треба да бидат завршени заклучно со месец септември 2017 година.

Градоначалникот на општина Шуто Оризари, г-дин Елвис Бајрам,  нагласи дека со реконструкцијата и асфалтирањето на овие локални патишта, ќе биде надминат голем проблем со кој се судруваат локалните жители и нивната комуникација со населбата Шуто Оризари, градот Скопје и соседните населени места, ќе биде значително подобрена, и ќе биде намалена сообраќајната гужва во населбата.

 

Крак-1-с-Горно-Оризари.pngКрак-4---с-Горно-Оризари.pngКрак-2----с-Горно-Оризари.pngpat 3.pngКрак-3-с-Горно-Оризари.pngКрак-5-с-Горно-Оризари.png