СВЕЧЕНО СЕ ПУШТИЈА ВО УПОТРЕБА ТРИТЕ УЧИЛИШТА ВО ШУТО ОРИЗАРИ

Учениците од населбата Шуто Оризари од оваа нова учебна година веќе ќе учат во нови училници и нови клупи. Пуштено во употреба средното училиште “Шаип Јусуф“, доградени се 21 училници во О.У. Браќа Рамиз и Хамид и доградени се 9 нови училишни простории во О.У. 26 Јули. 

 

За прв пат после 40 години Владата на Р. Македонија инвестираше во значајни проекти од областа на образованието во општина Шуто Оризари чија инвестиција вредеше над 3 милиони евра.  

 

Премиерот на Владата на Република Македонија Никола Груевски и градоначалникот на општина Шуто Оризари Елвис Бајрам им посакаа среќна и успешна учебна година на учениците и наставниците од новото средно училиште, О.У. Браќа Рамиз и Хамид и О.У. 26 Јули. 

 

 

- Ова е историски ден за општината Шуто Оризари и треба да остане во сеќавањата бидејќи граѓаните на општината Шуто Оризари заслужуваат подобри услови за развој на образовниот процес. Со ова училиште се оди чекор понапред кон намалување на сиромаштијата и невработеноста на жителите на оваа општина. Владата на Репубика Македонија ќе продолжи во континуитет да и дава поддршка на локалната самоуправа се со цел граѓаните живеат во подобри услови, - рече премиерот на Владата на Р. Македонија Никола Груевски. 

 

За целосно реализирање на овој општината Шуто Оризари и градоначалникот Елвис Бајрам даде голем придонес за непречено одвивање на изградбата. 

Од сега понатму во двете основни училишта повеќе нема да се учи во три или четири смени. Настава ќе се одвива по нормален распоред во две смени со тоа ќе се зголеми и нивото на знаење. 

 

- Образованието е највредната инвестиција за секој човек, а ние граѓаните сме сега исполнети со радост и среќа бидејќи нашите деца ќе можат да учат во ново средно училиште кој е блуску до самата заедница. Благодарност до премиерот Никола Груевски за укажаната поддршка за општината Шуто Оризари и верува дека од оваа образовна институција ќе произлезат млади и квалитетни кадри кои еден ден ќе станат и доктори на наука, - рече Градоначалникот на општина Шуто Оризари Елвис Бајрам 

 

Средното училиште има 5 образовни профили - медицинска сестра, градежен техничар, економска и правна струка, фризер и келнер. Учениците се веќе запишани во матичните средни училишта а скоро ќе почне да се одвива и наставата. 

Градот Скопје и градоначалникот Коце Трајановски ветија дека ќе помогнат при уредување на внатрешниот и надвоешниот ентериер за што има и предвидено пари во буџетот. 

 

Пратеникот Амди Бајрам посочи дека жителите на општина Шуто Оризари многу години се обидувале да најдат начин и средства за да изградат средно училиште, но, како што рече, никој не сакал да инвестира.

Нагласи дека на сите средби со премиерот Груевски како најгорливи проблеми му ги истакнал немањето средно училиште и доволни капацитети во основните училишта и водоводот во Шуто Оризари. 

- Имаше и најави од некои амбасади за донација за изградба на средното училиште, но тие се откажаа. Премиерот рече дека ќе најде средства за да се изгради ова училиште и тоа го направи. Нашиот сон се оствари и дојде време да се отвори новото средно училиште во Шуто Оризари, рече Бајрам.

 

6.jpg8.jpg5.jpg3.jpg4.jpgIMG_4671.jpg7.jpg10.jpg