РЕЈТИНГОТ НА ОПШТИНАТА ШУТО ОРИЗАРИ Е ПОДИГНАТ

Рејтингот на општината Шуто Оризари е подигнат. Ова е заклучокот на средбата со граѓанските организации и донатори од Будимпешта – УНгарија, организации од Србија и партнерите на програмата “Пристап на Ромите до фондови“ PGF. 

Организациите сметаат дека за разлика од порано општината имала мала соработка со граѓанските организации но во последните 5 години, локалната самоуправа е отворена и спремна за разговор и активности на организациите. 

-Сметам дека општината почнува да стане препознатлива кај меѓународните организации бидејќи има отвореност и капацитет за реализација на било какви активности. Преку лобирањата на Градоначалникот и неговиот тим, се реализираат проекти а истовремено се бараат и донатори што е показател за подигнување на нејзиниот рејтинг – вели Надир Реџепи од Институтот Отворено Општество – Будимпешта. 

Општината Шуто Оризари има капацитет и човечки ресусрси за реализација на круцијални проекти за локалното население. 

-Во последните неколку години навистина напорно работиме за доброто на граѓаните. Имаме отвореност а и свест дека средствата кои се наменети за Ромите треба и да се искористат за Ромите но и промените да се очигледно а не да трошат пари само на семинари и конференции – вели Градоначалникот на општината Шуто Оризари Елвис Бајрам. 

Во последните неколку години општината работи со локалните невладини оррганизации : Ромски ресурсен Центар – РРЦ, Ромскиот бизнис информативен центар – РБИЦ, Здружението Романо Ило. Од организациите кои и помагаат на општината се Македонскиот центар за меѓународна соработка МЦМС и Европската развојна агенција ЕРА, додека како донатори со кои работи се ОСИ Будимпешта,  УНДП, УНИЦЕФ и други.

2.jpg1.jpg3.jpg4.jpg