ОПШТИНАТА ШУТО ОРИЗАРИ ИЗГРАДИ НОВ ПАРКИНГ ЗА ГРАЃАНИТЕ

Општината Шуто Оризари изгради нов паркинг простор за граѓаните. Просторот располага со педесетина линии за паркирање а граѓаните ќе можат да го користат од наредната недела . 

-Ова беше едно од ветувањата за време на локалните избори во 2013 година и ете го изградивме. Сметам дека ќе се ослободи  сообраќаниот метеж од главната улица Индира Ганди. Сите граѓани од општината како и посетителите од градот Скопје и цела Македонија отсега ќе можат безгрижно да ги паркираат своите возила – вели Градоначалникот на општина Шуто Оризари Елвис Бајрам 

Паркинг просторот се наоѓа позади зградата на локалната самоуправа а ќе бидат поставени и налепници низ населбата за забрането паркирање.

10849987_1004724569543437_1573442623456280676_n.jpg10698491_1004724689543425_5201518316588165913_n.jpg10501842_1004724082876819_6744415227442496542_n.jpg