Општината Шуто Оризари го одбележа денот на дрвото

Во општината Шуто Оризари се засадија околу 100 дрвја во рамките на заедничката акција “Засади дрво - Засадија ја својата иднина“. 

Денес Градоначалникот на општина Шуто Оризари Елвис Бајрам засади дрвја во детската градинка 8-ми Април и во Спортско рекреативниот центар во општината Шуто Оризари. 

 

Тој вели дека оваа акција придонесува за подобар живот на сите граѓани каде што се садат дрвја

Сметам дека оваа акција ја подигнува свеста кај граѓаните за сопствена грижа за своето здравје и за својата иднина. Секој граѓанин треба да се вклучи во оваа акција но и да сткне навика за таков вид на домашна активност во било кое време бидејќи дрвјата овозможуваат подобар и чист воздух неопходни за нашето здравје, вели Елвис Бајрам градоначалник на општина Шуто Оризари. 

Во акцијата се придружија и Претседателот на советот на општина Шуто Оризари Сеад Исмаил и дел од советниците во Советот на општината.

Апелирам до сите граѓани да се вклучат во оваа акција бидејќи е добра за самите нас. Општината Шуто Оризари неколку години ја спроведува оваа акција со цел придонес кон иднината на самите граѓани за почист воздух и подобро здравје, вели Сеад Исмаил претседател на Советот во општина Шуто Оризари 

Акција “Засади дрво - Засади ја својата иднина“ во општината Шуто Оризари се реализира во неколку локации: во дворовите на Градинката 8-ми Април, основното училиште Браќа Рамиз и Хамид, основното училиште 26 Јули, во дворот на новоизградената зграда на новото средно училиште и во спортско рекреативниот центар во Шуто Оризари.