ГРАДИНКАТА 8-МИ АПРИЛ ВО ОПШТИНАТА ШУТО ОРИЗАРИ СЕ РЕНОВИРА

Општината Шуто Оризари и УНДП ја реновираат детската установа ЈОУДГ 8-ми Април. Се поставуваат нови прозорци и се уредува внатрешниот ентериер. Градоначалникот на општината Шуто Оризари Елвис Бајрам ја интезивирал соработката со УНДП со цел овозможување на подобри и поквалитетни услови за децата од предшколска возраст. 

 

- Сметам дека децата ни се највредното богатство и треба да го негуваме и чуваме но исто така и да вложуваме во нив бидејќи тие се нашата иднина. Откако општината Шуто Оризари ја презеде одговорноста за оваа установа, се прават такви акции бидејќи порано не се инвестираше. Сега, се се реновира со цел подобрување на условите за децата, вели Елвис Бајрам градоначалник на општина Шуто Оризари

Градинката 8-ми Април е формирана во 1981 година и од тогаш наваму не е вложено речиси ништо за подобрување на условите.. 

- Благодарение на лобирањата од страна на општината и градоначалникот Елвис Бајрам, успеавме да најдеме донатори за реновирање на градинката. Оваа акција ќе придонесе за поквалитетна настава во оваа установа а веќе од наредната година ќе почне да се реализира и проект од страна на УНИЦЕФ и општината Шуто Оризари за купување на дидактични материјали,  вели Санела Емин директорка на ЈОУДГ 8-ми Април. 

Градежните работи се во тек, сепоставуваат нови прозорци се реновира во фасадата и се уредува внатрешниот простор во градинката. 

Градинката има капацитет за 140 дечиња а сега за сега во неа претстојуваат околу 100 деца од населбата Шуто Оризари. За поголема опфатеност на децата во предучилишното образование, во градинката се реализираат проекти од страна на Ромскиот образовен фонд и Министерството за труд и социјална политика кои овозможуваат бесплатен престој за деца од ранливи категории. 

10822439_872067819494596_1363375525_n.jpg10841512_872068662827845_197082463_n.jpg10816182_872067979494580_986396700_n.jpg10822413_872068442827867_1770549384_n.jpg