Успешна реализација на програмата Форуми во заедниците во општина Шуто Оризари

Општината Шуто Оризари успешно го заврши процесот Форуми во заедниците. Станува збор за проект каде општината учествуваше со над 3.200.000 денари и поддршката од програмата 2.400.000 денари. Со Буџетот се санираа и целосно реконструираа улиците Диме Мечето и Дринска. 

 

Изминатата недела се одржа 6-та последователна сесија во рамките на програмата Форуми во заедницата каде присуствуваа околу 100 граѓани. На сесијата беше презентиран проектот кој се реализираше во 2013 и 2014 година. 

Координаторот на проектот за општина Шуто Оризари Аднан Мемед истакна благодарност до Швајцарската агенција за развој и соработка и до партнерите МЦМС за поддршката и на транспарентен начин пред граѓаните го објасни процесот на реализација на проектот. 

- Програмата Форуми во заедниците претставува алатка со која граѓаните поминуваа низ процес на одлучување за кој проект да се реализира. Тоа што го побараа граѓаните на сесиите ние како општина и сме го реализирале бидејќи сме сервис за нашите граѓани. Градоначалникот Елвис Бајрам многу даваше напори за реализација на овој проект и негова беше иницијативата за склучување на партнерство со Програмата Форуми во заедниците, рече координаторот на проектот Аднан Мемед. 

Покрај презентацијата на проектот, граѓаните им се заблагодарија на донаторите и општината.

 

10799855_4872801274896_1729944508_n.jpg1959684_380242165468919_3251432719499627959_n.jpgIMG_9372.JPG