СЕ АСФАЛТИРААТ УЛИЦИТЕ ДРИНСКА И ГАЛИЧИЦА

Изведбата на проектот е започната од пред две недели поради залагањата на Градоначалникот на општината Шуто Оризари Елвис Бајрам да се реши деценискиот проблем на граѓаните од улиците Дринска и Галичица. 

Инвестиција вредна над 5.400.000 денари одвоени од буџетот на општината и од

програмата “Форуми во заедници“ преку Македонскиот Центар за меѓународна соработка (МЦМС)  финансиран од Швајцарска амбасада.

Се очекува целосната изведба на проектот да заврши за неколку дена.  Во улиците Дринска и Галичица немаше можност за поминување на брза помош и противпожарно возило. Граѓаните кои поседуваа автомобили беа често изложени на трошоци за нивно поправање. Често на големи дождови, граѓаните од улиците Дринска и Галичица се изложени на ризик од поплавени домови и подруми. Сега, таквите проблеми за околу 500 граѓани од тие улици ќе стане минато.

slika2.jpgslika3.jpgslika4.jpgslika1.jpg