ЦЕЛОСНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦИТЕ ГАЛИЧИЦА И ДРИНСКА

Целосно се реконструираат улиците Дринска и Галичица. Граѓаните од овие улици за неколку дена ќе ги чувствуваат придобивките од реконструираните улици. 

Општината Шуто Оризари и програмата Форуми со заедниците имплементирана од МЦМС со заеднички буџет ги санираат

наведените улици со цел овозможување на услови за подобра живот на граѓаните. 

Во улиците Дринска и Галичица немаше можност за поминување на брза помош и противпожарно возило. Граѓаните кои поседуваа автомобили беа често изложени на трошоци за нивно поправање. Често на големи дождови, граѓаните од улиците Дринска и Галичица се изложени на ризик од поплавени домови и подруми. Сега, таквите проблеми за околу 500 граѓани од тие улици ќе стане минато. 

rekonstrukcija 1.JPGrekonstrukcija 2.JPGrekonstukcija 3.JPG