ПРОБЛЕМОТ СО СООБРАЌАЈОТ ВО ОПШТИНАТА ШУТО ОРИЗАРИ ЌЕ СЕ РЕШИ

Општината Шуто Оризари и Градот Скопје ќе инвестираат во паркинзи во населбата со што ќе се подобри сообраќајот. 

Веќе механизацијата пристигна и почна да работи на терен. Првиот паркинг простор

се наоѓа позади општинската зграда. Се очекува за неколку дена да се асфалтира просторот и да се означат маргините за возилата. 

Паркингот е предвидено да има простор за 70 возила. Дополнително во тек се разговори со Градот Скопје за инвестирање и за останати две паркинг простори во општината Шуто Оризари.

parking 2.jpgparking 1.JPG