Формирање на нова локација за гробишта

Во соработка со Министерството за транспорт и врски во план е изработка на елаборат преку кој ќе се определи соодветна парцела за гробишта и која ќе го реши проблемот со немањето на простор на Градските гробишта. Општината ќе се залага, од погребални трошоци да бидат ослободени бездомниците и лицата со висок социјален ризик.

Изградба на културен дом

Домот на културата претставува место каде што се негува културата и традицијата на еден народ. Предвидено е новиот дом на културата да претставува повеќенаменски објект со галерија, сали за кино, театар, за културни претстави, конференциски сали, сали за семинари, работилници, библиотека, и информатички центар.

Повеќе...

Проширување на јавната кујна

Шуто Оризари е општина каде е најголем бројот од граѓаните се приматели на на социјална парична помош. Во моментов од нив околу 150 семејства ја користат народната кујна која што е отворена во соработка со Министерството за труд и социјална политика. Објектот е речиси руиниран и општината во наредниот период ќе  го реновира постојниот објект и ќе го зголеми бројот на оние кое ќе ги користат услугите на народната кујна. Планирано е во соработка со Министерството за труд и социјална политика, донатори и сопствено учество да се зголеми постојната бројка за уште 100 лица со висок социјален ризик кои секојдневно  ќе бидат опслужувани со храна.

Формирање на општинско јавно комунално претпријатие

Во минатиот период Шуто Оризари од општина со голема депонија се претвори во општина каде што депониите се реткост. Редовното чистење од страна на вработените комунални редари, како и дополнително ангажирани лица ја променија сликата на Шуто Оризари.

Повеќе...

Поплочување на тротоари

На улиците кои ќе бидат опфатени со асфалтирање и реконкструкција ќе се изврши и поплочување на тротоарите.  Со вакво надоградоување се планирани околу 40 – тина улици:

  • Македонско Косовска Бригада   
  • Брсјачка Буна   
  • Лепенец
  • Овчеполска   
  • Слан Дол   
  • Тиквешка
  • Пелагонија   
  • Галичица   
  • Виетнамска
  • Демирхисарска   
  • Дринска   
  • Карбуница
  • Злетовска   
  • Антони Дворжак   
  • Брегалница
  • Диме Мечето   
  • Гвадалахара   
  • Морава
  • Нов Живот   
  • Рељо Шесто Крило   
  • Гарсија Лорка
  • Метохиска   
  • Патрис Лулумба   
  • Шуто Оризари
  • Кипарска   
  • Клисурска   
  • Смилевска
  • Ѓорѓи Пенков   
  • Волт Дизни   
  • Чегевара
  • Бутелски Венец   
  • Вашингтонска   
  • Јуриј Розантал
  • Страцинска   
  • Гарибалди   
  • Плачковица
  • Сељачка Планина   
  • Црноок   
  • Иљо Војвода
  • Мелничка    
  • Виничка