Изградба на социјални станови

Во рамките на програмата на Владата на Република Македонија во поодделни општини е предвидена изградба на социјални станови. Согласно програмата, оваа година општина Шуто Оризари  ќе започне со постапка за предвидување на локација и започнување со изградба на социјални станови.

Повеќе...

Станбено деловен центар

Она што исто така недостасува во Шуто Оризари е деловен и трговски центар.  Изградбата на овој центар ќе претставува прв објект од ваков вид во Шуто Оризари, и ќе придонесе за менување на сликата на општината но и менување на имиџот на истата. Цели 50 години не е изградена ниту една станбена зграда, ниту деловен и трговски објект.

Повеќе...

Изградба на базени со аква центар

Еден од проблемите со кои се соочуваат Ромите е дискриминацијата , т.е. непримањето во базените посебно на подрачјето на град Скопје. Секојдневните поплаки од граѓаните до градоначалникот за секојдневната   дискриминација во јавните базени во Скопје, поттикна  општината да побара  инвеститор кој ќе изгради ваков комплекс. Овој комплекс ќе ги задоволи потребите на граѓаните, посебно на младите од општина Шуто Оризари, кои се соочуваат со неможноста да ги користат услугите на јавните базени.

Повеќе...

Изградба на ново основно училиште

И покрај доградбата на двете основни училишта  се наметнува потребата од изградба на уште едно основно училиште во Шуто Оризари.  Со тоа ќе се стави крај на проблемот со просторните капацитети на основните училишта. Тоа несомнено ќе  влијае на подобрувањето на квалитетот на наставата.

Повеќе...

Доградба на основните училишта „Браќа Рамиз и Хамид“ и „26-ти Јули“

Бројот на ученици во основните училишта постојано се зголемува а капацитетот на  училиштата е ограничен. Во моментов и во двете училишта настава посетуваат по 2.200 ученици, а реално просторните капацитети се за 900 ученици во секое училиште. Поради тоа наставата се одвива во три и четири смени. Тоа значително влијае врз квалитетот на наставата.

Повеќе...