Формирање на општинско јавно комунално претпријатие

Во минатиот период Шуто Оризари од општина со голема депонија се претвори во општина каде што депониите се реткост. Редовното чистење од страна на вработените комунални редари, како и дополнително ангажирани лица ја променија сликата на Шуто Оризари.

За уште поефикасно расчитување на сметот општината размислува за формирање на сопствено Комунално јавно претпријатие, кое ќе се грижи за чистотата и хигиената на општината. Исто така ќе се вработат голем број на припадници на ромската заедница и ова претпријатие ќе биде управувано од Ром.