Завршување на градбата на средно училиште

Изградбата на ново средно училиште не беше ни во план на претходниот градоначалник. Општината заедно со Министерството за образование и наука го решија проблемот со средно училиште во Шуто Оризари. Од септември 2013 година ова училиште ќе ги прими првите ученици и истото ќе биде управувано од  Директор Ром.

Според општината, ова училиште треба да го носи името на авторот на првата ромска граматика г-дин Шаип Јусиф, со што ќе му се оддаде признание за неговиот придонес во јакнење на образованието на мајчин јазик на припадниците на ромската задница во Република Македонија.