Изградба на повеќенаменска спортска сала

Израдба на спортска сала е предизвик за општина Шуто Оризари. Оваа сала ќе ги реши проблемите на боксерскиот,  кошаркарскиот и боречкиот клуб. Овие клубови во минатото немаа можност да ги реализираат нивните спортски активности поради немањето на просторни услови. Затоа општина Шуто Оризари се залага за унапредување на спортот со негување на основните спортски вредности.

Целта е да се подигне свеста на граѓаните за значењето на нивното вклучување во спортот во насока на повеќекратно подигнување на квалитетот на нивното живеење.  Посебен акцент ќе биде ставен на активирање на младите со спортски дух и ќе се поттикнат да се вклучат во постојните спортски клубови кои делуваат на подрачјето на општина Шуто Оризари. Ваквата определба е со цел младите да се насочат кон спортот. Промовирањето на здрав начин на живот кај младите исто така ќе биде една од најголемите вредностите на општината.

Спортската сала е прв ваков објект кој ќе биде изграден во рамките на општина Шуто Оризари. Благодарение на напорите на општината и поддршката од Владата на Република Македонија, ваквиот објект во најскоро време ќе биде изграден и ставен во функција за потребите на граѓаните на Шуто Оризари и на спортските клубови.