Изградба на водовод

Во соработка со Министерство за финансии и Градот Скопје, општина Шуто Оризари, договори изградба на нова водоводна мрежа која во целост ќе ги задоволи потребите на општина Шуто Оризари во наредните 50 години. Вредноста на овој проект е 3,6 милиони евра каде општина Шуто Оризари ќе учествува со 500 илјади евра. Оваа најавена инвестиција е една од поголемите од основањето на општина Шуто Оризари. Постојната водоводна мрежа која е изградена во 1963 година  не е доволна за основните потреби на граѓаните на општината.

Постоечката водоводна мрежа беше  планирана за населба со околу 10.000 жители,  но постојаното проширување на општина Шуто Оризари, создаде проблем во водоснабдувањето на граѓаните. Во летните периоди овој проблем е посериозно нагласен, и од тие причини општина Шуто Оризари се одлучи да учествува во еден ваков проект, со кој на подолго време ќе го реши проблемот со водоснабдувањето на граѓаните во Шуто Оризари.

Инвестирањето на еден ваков капитален проект е од огромно значење, бидејќи во 21 век е незамисливо во општина со околу 40 илјади жители и која е оддалечена само неколку километри од центарот на градот, граѓаните да немаат вода за пиење.