СТРАТЕГИЈА ЗА ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ

Почитувани,

 

Чест ми е да Ви ја претставам Стратегијата за локален економски развој на општина Шуто Оризари, изработена во рамките на проектот Општините во акција за Ромите.

Носители на проектот се општината Шуто Оризари и Ромскиот Бизнис Информативен Центар (РБИЦ), а финансиски е поддржан од Фондацијата отворено општество од Будимпешта, во соработка со Македонски Центар за меѓународна соработка (МЦМС)  и Институт за социјални промени - ИнСоК, преку програмата Пристап на Ромите до фондови.

 

Стратегијата за локален економски развој на општина Шуто Оризари се  базира на утврдените потреби и стратешки цели во општината, како и на реалните материјални можности за обезбедување одржлив економски развој и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.

 

Во таа насока, исклучително внимание ќе посветиме за имплементација на акциските планови кои произлегоа од процесот на подготовка на оваа стратегија, како и во обезбедување на финансиски ресурси потребни за реализација на предложените активности.

 

Ја користам оваа можност да ја изразам својата благодарност до сите учесници за својот ентузијазам и придонес во подготовката на овој важен стратешки документ. На крајот, сакам јавно да се заблагодарам на Фондацијата отворено општество од Будимпешта за помошта при изработката на овој стратешки документ.

 

Стратегијата можете да ја сименте во PDF формат на следниов линк тука.

Англиската верзија во PDF формат можете да ја симнете тука.

 

 

Со почит,

Градоначалник Елвис Бајрам

Општина Шуто Оризари