Поддршка на малото стопанство

Економскиот развој е врвен приоритет на секоја општина. Економскиот развој значат дополнителни приходи за буџетот на општината , но значат и вработувања , а со тоа и намалување на сиромаштијата.

Доколку се отварат нови деловни субјекти, каде ќе има можност за дополнителни вработувања, општината ќе нуди ослободување од комунални такси за изградба на таквите објекти. Ваквиот начин на поддршка е со цел да им се помогне на малите стопанственици да отвараат мали стопанства  производно ориентирани, и да ги поттикне да се отвараат што поголем број на субјекти.

Општината во соработка со Владата на Република Македонија, Македонската банка за поддршка , Агенцијата за вработување на република Македонија ќе им помага во добивање на средства за формализирање на нивните бизниси, но и за добивање на поволни кредити со цел развој на нивните бизниси и поттикнување на вработувањето.