Нови спортски терени

За развојот на масовниот спорт општината планира да изгради повеќенаменски игралишта. Тие  ќе бидат ставени на располагање на сите граѓани за спортување, рекреирање и натпреварување. Игралиштата ќе можат да се користат преку ден и преку ноќ и ќе бидат соодветно место за собирање и за дружење  на младите генерации, како и основа  за создавање на здрава младина  и одлична превентива од пороците на модерното живеење.