Изградба на културен дом

Домот на културата претставува место каде што се негува културата и традицијата на еден народ. Предвидено е новиот дом на културата да претставува повеќенаменски објект со галерија, сали за кино, театар, за културни претстави, конференциски сали, сали за семинари, работилници, библиотека, и информатички центар.

Она што во Шуто Оризари го немаше во претходниот период, општината ќе го реализира и ќе биде во корист на граѓаните на Шуто Оризари. Ново изградениот дом на културата ќе претставува простор за Културно уметничкото друштво  „Пралипе“, за многубројните театарски групи од Шуто Оризари, каде младите луѓе ќе можат да ги  развијат нивните актерски и уметнички способности, но и да ја промовираат ромската култура во и надвор од Македонија.

Воедно во рамките на Домот на културата ќе биде отворена и библиотека во која ќе се соберат многу книги  напишани за Ромите, за нивната историја, за нивниот живот, прогон и страдања. Оваа библиотека ќе претставува своевиден архив и ресурсен центар од каде ќе се црпат информации и ќе се шири вистината за Ромите, не само во Македонија туку и во цела Европа.