Проширување на јавната кујна

Шуто Оризари е општина каде е најголем бројот од граѓаните се приматели на на социјална парична помош. Во моментов од нив околу 150 семејства ја користат народната кујна која што е отворена во соработка со Министерството за труд и социјална политика. Објектот е речиси руиниран и општината во наредниот период ќе  го реновира постојниот објект и ќе го зголеми бројот на оние кое ќе ги користат услугите на народната кујна. Планирано е во соработка со Министерството за труд и социјална политика, донатори и сопствено учество да се зголеми постојната бројка за уште 100 лица со висок социјален ризик кои секојдневно  ќе бидат опслужувани со храна.