ИЗВЕСТУВАЊЕ

Општината Шуто Оризари ги информира своите граѓани дека по повод временската непогода која погоди дел од Град Скопје и околината при што настрадаа дел од граѓаните, организира Хуманитарна акција и истовремено апелира до граѓаните (дуќанџиите и тезгаџиите) од општина Шуто Оризари во рамките на своите можности да се вклучат во акцијата со донирање парчиња облека. Акцијата ќе започне на ден 12.08.2016 и ќе се одвива на лице место односно на пазарот (од тезга на тезга).