ВЛАДАТА НА Р. МАКЕДОНИЈА И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНАТА ШУТО ОРИЗАРИ ВО ПОСЕТА НА МЕСТАТА ПОГОДЕНИ ОД ПОПЛАВИТЕ ВО ОПШТИНАТА ШУТО ОРИЗАРИ

Општината денеска ја посети лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски заедно со министрите за внатрешни работи и за транспорт и врски Митко Чавков и Владо Мисајловски, како и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски. 

На средбата беа присутни Градоначалникот на општината Елвис Бајрам и пратеникот во Собранието на Р. Македонија Амди Бајрам кои изразија сочуство до настраданите од невремето и на претставниците на Владата им беше потенцирано дека беа поплавени  околу 45 куќи каде има помала штета. Луѓето ја искажаа својата среќа што нема човечки жртви во Шутка по обилните дождови.

Најголемата штета е нанесена на неколку улици. Градоначалникот Елвис Бајрам најави брзо решавање на тој проблем. Џамијата исто така била малку поплавена за време на врнежите. На граѓаните им беше ветено дека  ќе се испратат агрегати на струја за да се извади водата од  мал број на куќи кои останаа под вода.

Договорено беше во текот на денот да бидат доставени пумпи на струја за испумпување на водата од дворовите.Жителите од општината побараа да се реши проблемот со атмосферската канализација бидејќи според нив таа е една од причините за поплавување на што градоначалникот на Град Скопје информираше дека проектот е направен и оти наскоро се очекува да биде распишан тендер.