ОПШТИНАТА ШУТО ОРИЗАРИ ОРГАНИЗИРА ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА ЗА НАСТРАДАНИТЕ ОД НЕВРЕМЕТО ВО СКОПЈЕ

Општината Шуто Оризари активно ќе помогне за расчистување на ситуацијата во својата населба но и во другите населени места зафатени од невремето кое го погоди Скопје во саботата попладне. На денешната вондредна седница на Советот на општината се расправаше за состојбите поплавените куќи во улиците Пелагонија и Брсјачка Буна во Шуто Оризари. Околу 60 семејства од споменатите улици кои се оштетени од невремето што го зафати Скопје во саботата попладне. Општината успеа навреме да ги санираа последиците од обилните вржени.

На терен излегоа екипити од кризниот штаб и им помогнаа на семејствата со вадењето на навлезената вода во нивните куќи. Дополнително, комисиите за проценка веќе ги утврдуваат штетите се со цел да им се помогне при враќањето во предходна состојба. 

Градоначалникот на општината Шуто Оризари упати апел за обединување за помош без разлика на политичка и верска припадност за помош на настраданите од невремето што го зафати Скопје.

- Во рамките на можностите општината Шуто Оризари ќе помогне на оштетените семејства во општината Шуто Оризари во вид на храна, кебиња, како превентивни мерки се до нормализирање на состојбата. – рече градоначалникот на општината Шуто Оризари Елвис Бајрам

Градоначалникот Елвис Бајрам рече дека општината е подготвена со соодветна механизација и апелира до граѓаните да останат будни и подготвени доколку повторно се случи невреме. 

Општината Шуто Оризари ќе организира и хуманитарна акција за настраданите од населените места Сингелиќ, Смилковци, населеното место Економија, и други населени места. Дополнитено, во сабота попладне општината Шуто Оризари ќе организира и хуманитарна акција и дава апел до сите граѓани кои сакаат да донираат храна, облека и покуќнина да дојдат и помогнат. Собирниот пунк ќе биде пред општинската зграда. 

-Кризниот штаб е отворен и подготвен за брзо реагирање во случај на невреме. Се што треба е граѓаните да пријават до општината и веднаш ќе се реагира навремено – рече советникот на градоначалникот Аднан Мемед.

IMG_9500.jpgIMG_9490.jpgIMG_9570.jpgIMG_9557.jpgIMG_9611.jpgIMG_9496.jpgIMG_9513.jpgIMG_9487.jpgIMG_9623.JPG