Прибирање на понуди за Договор за услуги за организирање на сместување и превоз

Општина Шуто Оризари за реализација на проектот: „Работејќи локално, развиваш глобално- но зелено!„  има намера да склучи Договор за услуги за организирање на сместување и превоз за

дводневенa обука во Македонија за правото на застапување и само-састапување на рециклаторите за учесници од Хрватска, Бугарија и Словенија за проектот кој е поддржан во рамките на повикот на Европската Унија  VP/2013/010: Развивање на вештини за раст и работни места.

 

Заинтересираните правни лица можат да добијат тендерското досие со сите потребни документи, вклучително и детален опис на бараните услуги, со поднесување на Барање за изразување интерес на следната е-маил адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Краен рок за поднесување на понудите на контактираните добавувачи е 19 Октомври 2015 година до 12:00 часот, во просториите на Општина Шуто Оризари.