Конкурс за организирање на студиска посета на Република Хрватска

Општина Шуто Оризари за реализација на проектот: „Работејќи локално, развиваш глобално- но зелено!„  има намера да склучи Договор за услуги за организирање на студиска посета на Република Хрватска

на делегација од дваесет (20) учесници од четири земји (Македонија, Чешка, Бугарија и Словенија) за проектот кој е поддржан во рамките на повикот на Европската Унија  VP/2013/010: Развивање на вештини за раст  и работни места.

Заинтересираните правни лица можат да добијат тендерското досие со сите потребни документи, вклучително и детален опис на бараните услуги, со поднесување на Барање за изразување интерес на следната е-маил адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Краен рок за поднесување на понудите на контактираните добавувачи е 26 Август 2015 година  до 12:00 часот,  во просториите на Општина Шуто Оризари.