Ветувањето на Градоначалникот Елвис Бајрам се оствари! Почна со изградба новата пумпна станица во Шуто Оризари

Решен е деценискиот проблем со водоснабдувањето во Шуто Оризари. Од денес почна со изградба новата пумпна станица која ќе обезбеди квалитетна вода за пиење за над 50 илјади жители од Шуто Оризари. 

 

 

Напорите и лобирањата на Градоначалникот Елвис Бајрам за отпочнување на овој проект се реализираат со помош на државните институции. 

- Со овој проект ќе се реши деценискиот проблем на граѓаните на општината Шуто Оризари и ќе имаат квалитетна и константна вода за пиење и користење. Голема благодарност до сите институции кои помогнаа. Уште на почетокот јас цврство бев убеден и верував дека овој проект ќе се реализира, рече Елвис Бајрам Градоначалник на општина Шуто Оризари. 

 

 

На отпочнувањето на изградбата беше присутен и премиерот на Владата на Р. Македонија Никола Груевски 

- Владата на Република Македонија за општината Шуто Оризари има реализирано многу проекти а веќе се подготвуваат уште многу.  Овој проект беше ветено на изборите и мора да се реализира а неговите благодети, жителите на општината ќе можат да ги чувствуваат наредната година, рече Никола Груевски претседател на Владата на Република Македонија. 

 

Проектот е финансиски поддржан од Светска банка а носители се Градот Скопје, општината Шуто Оризари и ЈП Водовод и канализација. Министерот за финансии ги укажа напорите на Градоначалникот Бајрам и Трајановски за нивната желба за реализација на овој проект.

 

- Проектот е направен согласно финансиската состојба на општината Шуто Оризари, тоа значи дека кредитот што треба да го врати локалната самоуправа воопшто нема да пречи за константното работење на Градоначалникот. Истовремено може да се отплати и кредитот во Светска банка и да се реализираат други проекти, рече министерот за финансии Зоран Ставревски. 

 

Носител на проектот е Градот Скопје и околу 40 проценти ќе треба да врати од кредитот. Тоа укажува на сериозност и посветенот на Градоначалникот Коце Трајановски кој истакна дел проектот со водоснабдувањето е круцијален проект за целиот Град а неговата подготовка беше максимално професионална од сите тимови на вклучените институци.