ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЕЛВИС БАЈРАМ И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ ДОГОВОРИЈА НОВИ РАБОТНИ ЗАДАЧИ СО ЈАВНИТЕ ГРАДСКИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

Изминативе неколку денови јавните претпријатија на Град Скопје, во рамките на дванаесетиот циклус на посети на скопските општини, извршуваа работни акции на територијата на Општина Шуто Оризари.

Денеска градоначалниците на Град Скопје и Шуто Оризари, Коце Трајановски и Елвис Бајрам, извршија увид на работата на терен на јавните претпријатија.

 

Градоначалникот на општината Шуто Оризари е генерално задоволен од работата на јавните претпријатија бидејќи работат во рамките на нивните можности и финансии. Побара од градоначалникот на Коце Трајановски поажурни да бидат Комунална хиегиена а најмногу во вечерните часови, понатаму побара да се помогне при асфалтирањето на улиците хаџи Јован Шишков и Нов Живот и да се изгради паркинг простор за полесен сообраќаен режим. 

- Изминативе неколку денови градските јавни претпријатија на терен спроведуваа активности од нивната надлежност. Јавното претпријатие „Паркови и зеленило" работеа на косење на тревата во дворовите на основното училиште и амбулантата, екипи на „Комунална хигиена" работеа на чистење на улиците, како и на замена на старите железни со нови пластични контејнери, а екипи на "Водовод и канализација" работеа на отстранување на дефекти во водоснабдувањето. И оваа година предвидени се голем број проекти кои ќе се реализираат за подобрување на животот на жителите на оваа општина. Најважни се реконструкцијата на еден крак од улицата „Пелагонија" и секако, реализација на проектот за водоснабдување на Шуто Оризари. Овој проект, кој ќе чини над три милиони евра, финансиран е од Градот Скопје, ЈП „Водовод и канализација" и Општина Шуто Оризари. Во моментов се вршат ревизии на проектите и очекувам за еден месец да биде избран изведувач, по што ќе следува и негова изведба, кажа градоначалникот Трајановски.

По посетата на терен, се одржа и средба помеѓу претставници на градската и општинската администрација, претставници на јавните претпријатија и претставници од урбаните и месните заедници од Шуто Оризари, каде што се дискутираше за проблемите со кои се соочуваат жителите на оваа општина.