ПОСЕТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Д-Р ЃОРГЕ ИВАНОВ ВО ОПШТИНАТА ШУТО ОРИЗАРИ

Во пресрет на Меѓународниот ден на Ромите 8-ми Април, претседателот на Р. Македонија д-р Ѓорге Иванов ја посети општината Шуто Оризари и се сретна со градоначалникот Елвис Бајрам и со пратеникот Амди Бајрам. 

На средбата претседателот Иванов беше запознаен со

тековниот живот во општината и напорите што се прават во насока на севкупно унапредување на положбата на локалното население.

 

Посочувајќи дека Република Македонија е држава во која се негува вековната традиција на соживот, претседателот Иванов нагласи дека ромската заедница е нераскинлив дел од нашето повеќеетничко општество, кое постојано создава услови за негување на ромскиот етнички и културен идентитет, и претставува пример за еднаквите можности и права.

 

Градоначалникот на општината Шуто Оризари нагласи дека посетата на претседателот Иванов е несекојдневна и многу значајна за општинското население бидејќи ја докажува заложбата за поддршка и развој на општината од страна на највисокиот врв во државата. 

Претседателот Иванов порача дека и натаму ќе се залага за унапредување на правата на ромската заедница и достигнување на степенот на целосна нивна инклузија во македонското општеството.

 

Во рамки на посетата на општина Шуто Оризари, претседателот Иванов го посети основното училиште „Браќа Рамиз и Хамид", како и новоизграденото средно општинско училиште.

2.jpg6.jpg8.jpg1.jpg5.jpg3.jpg4.jpg9.jpg7.jpg