СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНАТА ШУТО ОРИЗАРИ И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ГРАД СКОПЈЕ

Нови проекти и идеи за поурбана општина Шуто Оризари се пренесоа на средбата помеѓу градоначалникот на општина Шуто Оризари Елвис Бајрам и градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски. На средбата присуствуваа и директорите на јавните претпријатиа на Град Скопје кои реферираа за своите активности во општината Шуто Оризари. 

Градоначалникот на општина Шуто Оризари Елвис Бајрам оствари средба со градоначалникот на Градот Скопје и со

директорите на јавните претпријатија со цел увид во заедничката работа, напредокот и можност за инвестирање во општината Шуто Оризари. 

На средбата од страна на градоначалникот Елвис Бајрам беше побарано да се реализираат нови проекти од областа на комунална инфраструктура и водоводната мрежа. Тој истакна дека генерално е задоволон од работата на градските претпријатиај во општината но нагласи дека потребно е заеднички да се инвестира во поголеми и круцијални проекти со цел подобрување на животот и условите на граѓаните на општината. 

-Напорите кои ги прави Градот Скопје и градоначалникот Коце Трајановски навистина се за пофалба и даваат резултати но сметам дека треба да се инвестира и во поголеми проекти кои ќе имаат круцијално значење за општината и граѓаните а ќе придонесат и за локалниот економски развој рече Елвис Бајрам градоначалник општина Шуто Оризари

На средбата беше ветено дека водоводната инсталација ќе се замени со нова во рамки на проектот кој треба да биде финансиран во 2015 година од Светска Банка, со што граѓаните ќе имаат поквалитетна вода за пиење. 

-Подобрувањето на мрежата за снабдување со вода во населбата Шуто Оризари ќе се направи со изградба на пумпна станица кај крстосницата помеѓу улицата „Босна и Херцеговина“ и бул. „Словенија", изградба на нов потисен цевковод до постојните резервоари и изградба на нов резервоар. Овој проект ќе го реализира со средства од Светската банка и проектантската вредност на истиот е околу 4 милиони евра. Проектот е готов и истиот е во фаза на резгледување во Светската банка и очекувам во декември веќе да распишеме тендер за избор на изведувач, рече Трајановски.

Директорите на јавните претпријатија велат дека се во постојана комуникација со локалната самоуправа и градоначалникот на општината Шуто Оризари и во рамки на можности реагираат најсоодветно. 

Трите месни заедници од општината имаа можност да дадат сугестии и критики за работата на јавните претпријатиа. Според претставниците на месните заедници, генерално работата на јавните претпријатиа е оценувана како добра и позитивна со неколку забелешки кои се однесуваат на застарената водоводна инсталација. 

На заедничката средба беа начнати нови проекти кои ќе се реализираат наскоро во општината како што се: Нов паркинг простор во општина Шуто Оризари, доделување на канти за ѓубре за секој дом во општината, засадување на дрвја и поставување на хортикултурни растенија и уредување на паркот 8-ми Април и Спортското повеќенаменско игралиште.

sredba 3.JPGsredba 4.JPGsredba 1.JPGsredba 2.JPG