КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА КАНДИДАТИ ЗА ПОМЛАДИ СОРАБОТНИЦИ

Општината Шуто Оризари во соработка со консултантската компанија Европската Развојна Агенција,  распишува КОНКУРС за избор на  двајца помлади соработници за обука во времетраење од 12 месеци во Рамките на проектот „Поддршка на локалниот развој во Општина Шуто Оризари„.

Поддржан од Фондацијата отворено општество од Будимшешта, во рамките на програмата „Пристап на ромите до фондови„.  

                За период од 12 месеци, двајца сениор консултанти од Европска развојна агенција ќе работат со кандидатите во насока на  зајакнување на нивните капацитети по соодветна методологија и ќе се прави проценка на напредокот во  нивната работа на дневна, неделна и месечна основа.

Еден од селектираните кандидати ќе работи на правните прашања и проблеми, а другиот ќе работи на економски развој.

Задачи:

1. Сениор консултантот за правни прашања, заедно со еден од избраните кандидати ќе ги разгледува правните проблеми и ќе дава сугестии за:

- Зголемување на наплатата на даноците во општината  во согласност со законската регулатива и даночни политики на Република Македонија

- Легализирање на локалните бизниси во општината

- Ако треба, помош при дадена согласност за делегирана надлежност  од централно на локално ниво во некои области ( образование, здравство и сл)

- Решавање на проблемите со правото на сопственост

- Помагање во утврдувањето на административните процедури околу усвојување на деталниот урбанистички план (ДУП)

- Воспоставување на Агенција за Локален Економски Развој

- Зајакнување на капацитетите на еден стажант и негово ангажирање како асистент

 

2. Сениор консултантот за економски прашања, заедно со другиот од избраните кандидати ќе работи на:

- Подготовка на најмалку 7 проекти ( наративна и финансиска верзија) за потребите на општината Шуто Оризари и поднесување на проектите до фондвите на Европската Унија или преку искористување на буџетот на РМ преку соодветните државни институции

- Поддршка на активностите за соработка и партнерство на регионално/меѓународно ниво

- Вмрежување на Општината на регионално и меѓународно ниво , пронаоѓање на релевантни бизнис информации

- Зајакнување на капацитетите на еден стажант и негово ангажирање како асистент

 

Кандидатите ќе бидат сместени во општината Шуто Оризари.

 

                Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

 

- Да се државјани на Република Македонија

- Да не се вработени

- Да се жители на  Општина Шуто Оризари или на Скопје

- Да се од ромска етничка припадност

- Да имаат одлично познавање на англиски јазик

- да имаат познавање на работа со компјутер (пр. Word, Excel, Power Point)

- да имаат основно познавање за работа vo канцеларија (фотокопирање, скенирање и сл.)

- да имаат завршено завршено високо образование од областа на општествените науки VIII 1 економија, право и сл или практично познавање/искуство од право и економија;

- да имаат искуство или помината обука низ работа во граѓанска организација или друга релевантна институција според описот на работните задачи;

Заинтересираните кандидати треба да достават:

- Кратка биографија/CV

- Мотивационо писмо

-Најмалку 2 препораки за потврда на претходното искуство (работа или обука/волонтирање)

Документите треба да се достават електронски на следната е-маил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Документите може да се достават на англиски или македонски јазик(пожелно е на англиски јазик, заради побрз процес на селекција) најдоцна до 23-ти јуни 2014 година.  

Селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју во периодот од 24-27-ми  јуни 2014 година.

Работниот ангажман ќе започне од јули 2014 година.  За истиот е определен соодветен месечен надоместок за период од 12 месеци.

 

Конкурсот можете да го симнете во PDF верзија на следниот линк тука.

 

Општина Шуто Оризари                                                                             Европска Развојна Агенција