МОЈА ОПШТИНА. НОВА ВЕБ АЛАТКА ВО ШУТО ОРИЗАРИ

Продолжува отвореноста и транспарентноста помеѓу граѓаните и општината Шуто Оризари.

Отсега понатаму секој граѓанин може да го искаже својот став и да даде предлог за решавање на некој проблем од локален карактер...

Преку влез во интернет страната www.moja-opstina.mk секоја граѓанин може да допринесе за поадекватно креирање на регионалните развојни платформи.

 

Градоначалникот  Елвис Бајрам заедно со претставниците од УНДП и Швајцарската агенција за развој  ја  промовираа интернет страницата www.moja-opstina.mk како можност граѓаните да определат кои се приоритетите за работата на локалната власт.

Веб апликацијата „Моја Општина“ ќе им овозможи на граѓаните преку неа да се произнесат кои од наведените 12 приоритети на апликацијата  е најважен врз база на добиените резултати.

 

-          Приоритетот со добиени најголем број на гласови ќе се имплементира во форма на проект подржан од страна на УНДП, истакна постојаниот претставник на УНДП Луиза Винтон

 

-          Нашата општина е отворена со граѓаните и во постојана комуникација со нив се реализираат различни активности. Ова е модерна алатка и сметам дека ќе продонесе за побрз и полсен начин на комуникација, истакна градоначаникот Елвис Бајрам

 

Иницијативата „Моја Општина“ е дел од проектот „Регионална поддршка за подобрување на капацитетите за постигнување на реален напредок во вклучувањето на Ромите во општеството, имплементиран од УНДП во соработка и координација со Министерството за труд и социјална политика, а поддржан од Швајцарската Агенција за развој и соработка.

Шуто Оризари е една од четирите пилот општини – заедно со Прилеп, Куманово и Тетово во кои се спроведува овој проект.