Ќе се подобри водоснабдувањето во општината Шуто Оризари

Советот на општината Шуто Оризари донесе одлука (види официјален документ) за долгорочно домашно задолжување од 12.922.400 милиони денари со цел подобрување на водоснабдувањето за граѓаните од населбата.

Оваа одлука значи дека ќе се реши проблемот со немањето на доволно вода во летните периоди во општината.

Преку потпишувањето на Договорот за под-заем со Министерството за финансии ќе се изгради нова водоводна пумпа за потребите на граѓаните.

Проектот за подобување на општинските услуги е финансиран со заем од Меѓународната банка – Светска банка во висина од 30.477.600 милиони денари.